Капка по капка

ШТО Е НАВОДНУВАЊЕ КАПКА ПО КАПКА

Наводнувањето капка по капка е систем за наводнување кој штеди вода и течно ѓубриво со тоа што дозволува водата полека да продре до кореновиот систем на растенијата, било да е цревото со капалки поставено над површината на почвата или закопано под површината.

Наводнувањето капка по капка најрационало ги искористува расположливите количини на вода, на секое растение му ја дава потребната количина на вода, а истовремено се намалува и испарувањето на водата во атмосферата.  Системот капка по капка преставува рамномерно и бавно наводнување на растенијата.

Современите системи за наводнување нудат решенија кои ја намалуваат потрошувачката на вода, го намалуваат вегетативен пораст на околните непосакувани треви (корав, пир, троскот,..итн.), го зголемуваат квалитетот на производот и гарантираат константен квалитет и принос. Системот капка по капка и микро наводнувањето се едни од најефикасните технологии на светот.

Практичност на системот капка по капка

За земјоделците кои се занимаваат со сериозно производство, системот капка по капка е одлично решение, бидејќи не бара од нив да ги поставуваат цревата, цевките и прскалките секогаш кога ќе наводнуваат.
Системот се поставува еднаш на парцелата и со инсталирање на електромагнетни вентили и контролери, може да се програмира кога да се вклучи, и колку време да работи. Кога зададената програма ќе заврши, системот автоматски се исклучува.

Растенијата кои се наводнуваат со системот капка по капка, растат и се развиваат подобро во однос на растенијата кои се полеваат рачно или не се полеваат воопшто.
Ова се должи на фактот што растенијата во секое време ја добиваат потребната количина на вода. Треба да се нагласи дека шансата за настанување на болести на билките кои се манифестираат на листот е намалена, бидејќи со овој начин на наводнување листот останува сув. 

Како да започнете со системот капка по капка?

Наједноставен начин да започнете со систем капка по капка е да го набавите цревото на Палапласт (Palaplast) со вградени капалки или лента ”Паладрип тејп” со вградени капалки.
-Цревото со вградени капалки може да биде со дебелина на ѕид од 0,9 и 1,2 мм со поставеност на капалките на веќе определено растојание од 20, 25, 30, 33, 40, 50, 60, 75, 80 и 100 цм.

капка по капка

Црево за капалкиИсто така кај цревото со вградени капалки, Палапласт (Palaplast) го произведува со капалки кои се обични, без мембрана и тие се користат во ситуации кога теренот е прилично рамен, а должините на редовите не надминуваат повеќе од 100 метри.
Во случај теренот да е нерамен, со големи успони и падови тогаш се препорачува да се користи “Паладрип-ФЦ” црево со вградени самокомпензирачки капалки. Овој тип на капалки се посебно дизајнирани со вградена мембрана која го регулира и изедначува притисокот во цревото, а со тоа се овозможува изедначено капење на капалките без разлика на теренот и должината на редовите.

 

 

 

Лента со вградени капалкиИсто како кај цревото со вградени капалки така и лентата со вградени капалки на Палапласт (Palaplast) се произведува со поставеност на капалките на веќе определено растојание од 15, 20, 25, 30, 40, 50 и 60 цм.
Разликата меѓу лентата и цревото е во дебелината на ѕидот. Лентата на Палапласт (Palaplast) или популарно наречена “Паладрип тејп” се произведува во неколку различни дебелини и тоа:

– 6 мил – 0,15мм за едно сезона
– 8 мил – 0,20мм за 2-3 сезони
– 10 мил 0,25мм за 4-5 сезони
-12 мил 0,30мм за 6-7 сезони
-15 мил 0,38мм за 8-10 сезони

 

 

Капалки кај овоштарник

Доколку се работи за овоштарник треба да се набави полно црево на кое потоа се поставуваат надворешни капалки. Надворешните капалки може да бидат обични- линиски со веќе определена литража од 2, 4, 6, 8, 16, 24 и 32 л/ч

                         LOUDIAS                                                                                          ARDAS

 капалкаподесувач

или подесувачки со опсег од 0-70 л/ч, од 0-100 л/ч или од 0-150 л/ч.

Исто така во ситуации на нерамен терен и долги редови се препорачуваат самокомпензирачки надворешни капалки. Палапласт (Palaplast) во својата програма нуди два типа на самокомпензирачки капалки и тоа моделот Аксиос (Axios) кој е со литража од 2, 4, 8, 16 и 24 л/ч, и моделот Аграс (Agras) кој се произведува со истата литража како Аксиос (Axios), но со таа разлика што Аграс (Agras) има вградено неповратно вентилче кое ја затвара капалката и не дозволува цревото да се исцеди кога системот се затвара и притисокот паѓа под 0,3 бари.

                                  AGRAS                                                           AXIOS

 Самокомпензирачки надворешни капалкиСамокомпензирачки надворешни капалки

Овие црева се поставуваат по целата должина на редовите каде има засадено растенија, лозници и овошки, а потоа се приклучуваат на главниот вод кој е приклучен на изворот со вода. Ова е наједноставниот начин на користење на системот капка по капка и истиот не бара големи инвестиции. Овој начин на поставување на цревата со капалки е најпогоден за култури кои се засадени во редови и за култури кои се одгледуваат во фолии, пластеници и оранжерии.