Новости

-СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА-


22 март, Светски ден на водата.

Еден ден со цел да се потсетиме и да се нагласи не само важноста на водата, туку и потребата за правилна употреба на ресурсите на вода. Секоја година, Светскиот ден на водата истакнува специфична тема која се занимава со вода, во 2019-та мотото е: “Не оставај никого зад себе”.

Чиста и достапна вода е неопходна за секого и е составен дел на земјата на која сите сакаме да живееме. Целта може лесно да се постигне, бидејќи нашата планета има доволно вода за пиење. За жал, како резултат на тешките економски услови и нецелосни инфраструктури, секоја година милиони луѓе, особено децата, умираат поради болести кои се поврзани со недоволно обезбедена вода, канализација и хигиена.

Лош квалитет на водата е вистински проблем што ги опфаќа сите општествени слоеви. Големината на нејзиното значење за нашето секојдневно постоење е нагласена со пораката на Организацијата на Обединетите нации “Чиста вода и отпадна вода за секого до 2030 година”, една од 17-те цели на организацијата, за одржлив развој, со цел да се добие поубава, мирна и поздрава планета. Несомнено, сето ова бара итна социјална свест и неопходност за сите да соработуваат и активно да учествуваат во правилното управување и во одржливата употреба на водата во нашата средина.

Palaplast придонесува во овие напори да развиваат системи, неопходни за одржливо користење на водата. Palaplast нуди сигурни, економични и еколошки решенија со сертифицирани пластични цевки и делови за наводнување, канализација и транспорт на вода за пиење. Покрај тоа, PALAPLAST продолжува со развојот на методи за наводнување за да обезбеди подобро управување и да ја зачува потрошувачката на вода. Една од овие методи е “наводнување капка по капка” што гарантира дека ниту една капка вода нема да биде залудно потрошена, што се постигнува со капалки кои работат со мал проток на вода, што ќе осигури дека секоја капка ќе навлезе во почвата без загуба поради испарувањето и истекувањето под површината.

Водата е еден од најважните ресурси за човештвото. Ресурс кој им припаѓа на сите и сите се обврзани да го заштитат.