ПАЛАПЛАСТ
Палапласт (Palaplast) започнува со работа во далечната 1980-та година специјализирајќи се во дизајнирање калапи со што стекнува огромно искуство во производство на пластични производи за системи за наводнување. Малиот семеен бизнис од тогаш доживува непредвиден раст во сите аспекти.
Тимот од 200 вработени, произведува и промовира повеќе од 3.000 производи за наводнување, водовод и греење, во производствените погони со површина од 25.000 м2 , со капацитет од 18.000 тони, извезувајќи ги продуктите на Палапласт (Palaplast) во повеќе од 100 земји ширум светот.
Главниот мотив во работењето и натаму останува непроменет: страст за подобра услуга, подобрување на полето на продуктивност и развој на нови производи во чекор со времето и светските трендови.
Поради постојаното инвестирање и модернизирање, Палапласт (Palaplast) е еден од најголемите произведувачи на пластични црева и фитинзи во Грција, со пазарен удел од околу 65%.
Палапласт (Palaplast) исто така е силно ориентиран кон извозот, извезувајќи ги своите производи во преку 100 земји низ целиот свет. Најголемите странски пазари се Арапските земји, Балканот, Медитеранските земји од ЕУ, Сирија и Турција.