СЕ ШТО НЕМА ДА НАЈДЕТЕ КАЈ ДРУГИТЕ ЌЕ НАЈДЕТЕ КАЈ НАС

Ние сме секогаш тука да Ви понудиме висок квалитет и професионална услуга!

Банеста е компанија која е основана 1998-ма година и е една од првите која започна со увоз и продажба на системи за наводнување и се специјализира и прилагоди за потребите на пазарот. После неколку годишното успешно работење, во 2003-та година станува ексклузивен застапник на реномираниот светски бренд, Palaplast – Грција и тоа за Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Словенија и воедно генерален увозник за Република Македонија.

На почетокот најголем акцент беше ставен на наводнувањето, како примарна гранка на нашето работење на територија на Македонија. Набргу со формирањето на стабилна продажна мрежа, производите на Palaplast станаа достапни во сите земјоделски региони.

Со оглед на тоа што побарувачката на пазарот наметнуваше потреба од пласман и на други производи од асортиманот на Палапласт, наша обврска беше да ја прошириме гамата на производите, па така денес располагаме и со елементи кои се користат во парково наводнување, водоводи, геотермија, разни прочистителни станици и базени, како и црева и фитинзи за загревање на оранжерии и црева за подно греење (Пеx). Преку Палапласт соработуваме и со други светски реномирани фирми како што се RAIN BIRD, HUNTER, TORO, RAIN SPA, GALKON, ORBIT, SUN-FLOW и др.

Располагањето со најголем лагер и гама на производи, како и брзата испорака, не прави да сме една од водечките фирми во областа на наводнувањето во Р. Македонија.

Во Банеста сме подготвени во секое време да ве сослушаме, советуваме, поддржуваме и помагаме. Ова се однесува и на ИПАРД програмите со кои имаме повеќегодишно искуство и успешна реализација.

 

Можете да сметате на нас!

Палапласт започнува со работа во далечната 1980-та година специјализирајќи се во дизајнирање калапи со што стекнува огромно искуство во производство на пластични производи за системи за наводнување. Малиот семеен  бизнис од тогаш доживува непредвиден раст во сите аспекти.

Тимот од 200 вработени, произведува и промовира повеќе од 3.000 производи за наводнување, водовод и греење, во производствените погони  со површина од 25.000 м2 , со капацитет од 18.000 тони, извезувајќи ги продуктите на Палапласт во повеќе од 100 земји ширум светот.

Главниот мотив во работењето и натаму останува непроменет: страст за подобра услуга, подобрување на полето на продуктивност и развој на нови производи во чекор со времето и светските трендови.

Поради постојаното инвестирање и модернизирање, Палапласт е еден од најголемите произведувачи на пластични црева и фитинзи во Грција, со пазарен удел од околу 65%.

Палапласт исто така е силно ориентиран кон извозот, извезувајќи ги своите производи во преку 100 земји низ целиот свет. Најголемите странски пазари се Арапските земји, Балканот, Медитеранските земји од ЕУ, Сирија и Турција.